Владата на вечерашната седница информира дека донела Одлука за финансирање на 40 организации и здруженија со вкупна вредност од 29.647.474 денари, а кои средства се од интервентиниот Фонд за справување со пандемијата.
Оваа информација ги заинтригира претставниците на НВО-ии и сите прашуваат како е можно за толку кус период грантовите да бидат поделени. Листата со поддржани организации и здруженија се уште не е објавена јавно, а само колку за потсетување крајниот рок за доставување на проектните апликации беше до четврток до 12 часот!
А.Н.