среда, ноември 20, 2024
домаЖивотДел од НВО бараат Владата да ја поништи Одлуката за финансирање на...

Дел од НВО бараат Владата да ја поништи Одлуката за финансирање на ГОии и Фондации

Дел од невладините организации незадоволни од Одлуката на Владата за финансирање на ГОии и фондации испраќаат писма до премиерот Спасовски, како и до сите релеантни институции со барање да се поништи Одлуката.

Во писмата кои се испратени до премиерот Спасовски се вели:

„Повеќе од очигледно е дека Одлуката за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата е
потпишана од Вас лично, но со убедување и верување дека за “избраниците“ и за предлог идеите не сте запознаени.
Не навлегувајќи во квалитетот на поднесените предлог идеи, во целава ситуација симптоматични се многу елементи и постапки кои наведуваат дека овој и сегашен избор на организации наградени со Вашата одлука е само бледа копија на една одлука на една бивша гарнитура која го правеше истото (но со помали материјални грешки), и секако не е одлика на веќе познатата “флоскула“ “Едно општество за сите!“, односно квалитетот, знаењето и заслугите на прво место.“
Организациите прашуваат како е можно повик кој е објавен на 6ти јуни, последен ден за поднесување на апликациите до 11ти јуни 2020 до 12:00 часот, прегледување на над 500 апликации – предлог проекти со по просек од 7 – 8 страници
наративен дел и 2 -3 страници буџет, да биде оценет до 13ти Јуни!
И му порачуваат на Спасовски: „Ви се молам, немојте да ни ја навредувате интелегенцијата!„

Дел од ГОии бараат Одлуката да биде поништена, оценувањето да оди јавно. Дел од организациите тврдат дека дел од наградените оргаанизации постојат само на лист, немаат канцеларии ниту вработени.

Владата во саботата, на 66 седница донесе Одлука за финансирање на 40 организации и здруженија со вкупна вредност од 29.647.474 денари, а кои средства се од интервентиниот Фонд за справување со пандемијата.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ