понеделник, јануари 20, 2025
домаКујнаЗагреб повторно се тресе, граѓаните се плашат од уривање на зградите

Загреб повторно се тресе, граѓаните се плашат од уривање на зградите

Жителите на Загреб утрово ги разбуди земјотрес. Земјата започна да се тресе во 6 часот и 2 минути, а епицентарот на земјотресот со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала беше во близина на Маркушевац.

Иако слаб, земјотресот вознемири бројни жители на хрватската престолнина.

– Тие пишуваат дека ова било силен потрес, се тресело многу. Страшен звук и силно тресење две до три секунди – сведочат граѓаните на социјалните мрежи.

Со оглед дека ова е веќе 145-от земјотрес од 22 март, кога силен земјотрес во кој беа уништени бројни згради го погоди Загреб, граѓаните со право стравуваат за својата безбедност. Последиците од првиот земјотрес сè уште не се санирани на многу места. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ