вторник, декември 24, 2024
домаКујнаГрција незаконски ги намалувала пензиите

Грција незаконски ги намалувала пензиите

Грција можеби ќе мора да врати милијарди евра на пензионерите поради незаконски намалените пензии за време на финансиската криза, се вели во резимето на судската одлука објавено во вторникот.

За надминување на должничката криза, Грција доби три меѓународни финансиски пакети од 2010 до 2015 година што вклучуваше обврска за намалување на владините трошоци. Во последниве години, владата постојано ги намалува државните пензии за да го направи пензискиот систем одржлив, објаснува Ројтерс.

Илјадници пензионери, чиишто пензии се намалени до 50 проценти, поднеле тужба и највисокиот управен суд досудил дека некои намалувања во 2015 и 2016 година не биле во согласност со законот. Резимето на пресудата објавено денес не содржи детали. Така, Државниот совет не прецизираше во резимето дали одлуката важи само за пензионерите кои поднеле тужба или за сите 2,5 милиони пензионери чии пензии се намалени.

Трошоците за враќање на незаконски намалените пензии би можеле да достигнат и до три милијарди евра, вели експерт за вработување Костас Бурлос.

„Прво треба да ги видиме сите детали за одлуката, тогаш ќе одлучиме каква ќе биде нашата стратегија“, изјави неименуван владин претставник за Ројтерс.

Грчката економија поради пандемијата Ковид-19 оваа година ќе бележи намалување од 7,5 до 10,5 проценти. За 10-годишна криза, таа е намалена за една четвртина, потсетува Ројтерс. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ