среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЗдравјеСАД: Вакцината против корона во последната фаза на тестирање на 27 јули

САД: Вакцината против корона во последната фаза на тестирање на 27 јули

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна Инк“ објави денес дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе започнат од 27 јули.

Ова е трета, клучна фаза на човечко тестирање на вакцината mRNA-1273, објави Ројтерс.

Клиничкото испитување го спроведува Националниот институт за здравство (NIH), а владата на САД инвестираше близу половина милијарда долари во проектот на „Модерна“, додава британската агенција.

Завршните клинички испитувања ќе бидат спроведени на 87 локации во САД.

Околу 30.000 возрасни кои имаат големи шанси да се заразат со корона вирусот ќе бидат вклучени во испитувањето, објави фармацевтскиот концерн.

Студијата ќе го спореди бројот на нови инфекции кај оние кои ја примиле новата вакцина и оние кои примале плацебо.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 сојузни држави во САД. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ