Во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19, што е над 14 отсто од тестираните. Најмногу новозаразени има во Скопје 73, по што следи Штип со 60 новозаразени лица. Тетово е со 32 новозаразени, Гостивар 14, Куманово 10, Кочани 8, Гевгелија 6, Свети Николе и Прилеп со по 5 нови пациенти, Струмица 4, по 3 има во Струга, Битола, Крива Паланка и
Радовиш, по 2 новозаразени има во Охрид, Демир Хисар и Кичево. Во последните 24 часа по еден нобозаболен има во Дебар, Велес, Крушево, Пробиштип, Виница и Кратово
Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица.
– Скопје 40
– Битола 1
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Кичево 1
– Ресен 7
Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.
Н.Д.