сабота, ноември 23, 2024
домаЖивотИ младите не се имуни на корона вирусот, ама не се грижат...

И младите не се имуни на корона вирусот, ама не се грижат заради тоа

Вчерашната висока бројка на новозаразени од COVID 19 опоменува дека вирусот добива се повеќе на силина и дека треба да се почитуваат мерките за лична заштита, а пред се носењето маски, дистанца од минимум еден метар и не собирање во групи.

Но, она што загрижува е бројката на млади пациенти која секој ден се зголемува. И иако до скоро се веруваше дека само повозрасните пациенти се таргет на вирусот, бројката на заболени кај нас го демантира погорекажаното.

Според она како сега стојат работите во детската болница во Козле која е втор Ковид центар има 10 хоспитализирани деца, кои немаат сериозни компликации од вирусот. Но, во ГОБ 8ми Спетември тројца пациенти под педесетата година од животот, а и многу потенцијални млади лица кои не почитувајќи ги мерките се впуштаат во забави до раните утрински часови.

По фотографиите кои цел ден се споделуваат на социјалните мрежи, а сведочат за забавите во некоја дискотека во Струмица, реагираше и министерот Филипче. Тој на неговиот профил на фејсбук напиша:

„Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано.“

Но, кога и дали ќе биде санкционирано ваквото однесување, останува да видиме. ТЕХТ.МК неодамна пишуваше за сличен ваков настан, но место санкции за оној кој дозволува влез и забава без почитување на мерките за заштита, добивме закани.

Како и да е, се додека ќе се дозволува непречено да работат дискотеките, кафулињата, местата за забава на деца и младинци, а притоа не се вршат контроли за почитување на мерките и нема санкции за непочитувачите, ќе се бројат починатите и слободните места во болниците.

Според последните информации во ГОБ 8ми Септември има 91 хоспитализиран пациент со Ковид 19 од кои 9 се на механичка вентилација а 70 на кислород. Повеќе од 30 заразени со корона вирусот се хоспитализирани во детската болница во Козле која е втор Ковид центар, 94 пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и уште 200 позитивни и сомнителни на вирусот се на болнички третман во болниците во Штип, Битола, Велес, Охрид, Струга, Тетово, Прилеп, Куманово, Гостивар и Струмица.

А.Н.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ