среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЗдравјеЕУ инвестира уште 100 милиони евра за развој на вакцина против КОВИД-19

ЕУ инвестира уште 100 милиони евра за развој на вакцина против КОВИД-19

Европската комисија ќе ја кофинансира со 100 милиони евра иницијативата на Коалицијата за иновациска подготвеност за епидемии (ЦЕПИ) за побрз развој на вакцините против КОВИД-19.

Оваа поддршка е дел од ветувањето на Брисел за инвестирање од една милијарда евра од програмата „Хоризонт 2020“ во итно потребни истражувања и иновации за развој на дијагностички тестови, третмани и вакцини за да се спротивстави на ширењето на коронавирусот.

“Ни требаат ефективни третмани и вакцини за да се отстрани ризикот од коронавирус. Затоа сме горди да ја поддржиме ЦЕПИ во нејзините напори да помогне во брзиот развој на најдобрите кандидати за вакцини”, рече комесарот за иновации и истражувања Марија Габриел.

Како одговор на пандемијата на коронавирус, ЦЕПИ работи на брзо развивање на широк спектар на најнапредните кандидати за вакцини и да се обезбеди нивната подготвеност за производство од големи размери.

Комисијата наведува дека поддршката од програмата „Хоризонт 2020“ ќе финансира активности за истражување и иновации, но не и производство на вакцини.

Како дел од иницијативата Глобален одговор на коронавирус во организација на Европската комисија досега се ветени 15,9 милијарди евра за универзален пристап до тестови, третмани и вакцини против коронавирус и за глобално закрепнување. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ