Најголемото тестирање на вакцината против инфекцијата Ковид-19 досега, чие производство е финансирано од американската влада, започна денес со првите 30.000 доброволци, пренесува АП.
Сè уште нема гаранција дека оваа експериментална вакцина, направена од Националниот институт за здравство и „Модерна.инк“, навистина штити од вирусот.
Доброволците нема да знаат дали ја добиваат вистинската вакцина или плацебо верзијата.
После две дози, научниците ќе следат која група повеќе се заразува со извршување на дневни, рутински работи, особено во области каде вирусот продолжува да се шири неконтролирано.
Неколку други вакцини, кои се прават во Кина или на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија, на почетокот од овој месец започнаа со тестирање на помали групи во последната фаза во Бразил и во други земји, кои се силно погодени. А.Р.