Амбасадорите на земјите членки на ЕУ решија да не вратат ниту една балканска земја на списокот на земји на кои им е дозволено патување во ЕУ врз основа на „подобра или слична епидемиолошка ситуација“, дознава Танјуг во Брисел.
Новиот ажуриран список не вклучува нови држави, од Западен Балкан, потврдија дипломатски извори во Брисел, се вели во информацијата на Танјуг/
Одлуката на амбасадорите треба да биде потврдена со писмена постапка и потоа да биде потврдена од земјите-членки, а дури потоа и официјално донесена од Советот на ЕУ на 1 август.
Според Танјуг, нема да има сесии на амбасадорите на ЕУ во текот на август, а списокот ќе се ажурира како прашање на итност само во случај на „драстична промена во епидемиолошката состојба“ во една од земјите.
Сепак, бидејќи оваа одлика на ЕУ е на ниво на препораки до членките, сè уште има земји во кои граѓаните можат да влезат, но под одредени услови.
Неодамна, бугарската влада одлучи да им дозволи на македонските државјани да влезат во земјата со негативен тест PCR не постар од 72 часа.
Н.Д.