понеделник, јануари 20, 2025
домаКујнаОткриено местото каде Ван Гог го насликал последното ремек дело

Откриено местото каде Ван Гог го насликал последното ремек дело

Научниците го откриле местото каде холандскиот сликар Винсент ван Гог го насликал своето последно ремек дело, објави неговиот музеј во Амстердам.

Сликарот стоел на брег покриен со дрвја и корења во северниот француски град Оверс-сур Оис додека го сликал своето последно платно наречено „Корења на стеблата“, соопшти музејот.

Местото сега е означено како посебна туристичка атракција.

Точната локација ја открил Вутер ван дер Веер, директор на Институтот Ван Гог, кога наишол на разгледница на која се прикажани корења со цворови со неверојатна сличност на оние на сликата. Научниците од музејот во Амстердам ги споредиле двата мотива.

„Со проучување на работните навики на Ван Гог и компаративно проучување на сликата, разгледницата и постојната состојба на брегот, експертите заклучија дека е многу веројатно дека е откриена точната локација“, се вели во соопштението на музејот.

Ван Гог често ја сликал околината, а локацијата е близу до Оберж Равус, каде сликарот ги поминал последните два месеци од животот.

Експертите врз база на играта на светлината на сликата заклучија дека Ван Гог сликал доцна попладне. Истиот ден тој извршил самоубиство. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ