понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотГерманија не прима патници без негативен тест за корона

Германија не прима патници без негативен тест за корона

Тестот за вирусот корона од полноќ е задолжителен за сите луѓе кои влегуваат во Германија, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Според Би-Би-Си, тој рече дека вчера 1.045 нови случаи на коронавирус биле регистрирани во Германија, што е првиот дневен скок на над 1.000 новозаразени лица за еден ден во последните три месеци.

Шпан верува дека зголемувањето на бројот на заразени се должи на патниците кои се враќале од странство и непочитување на физичката далечина.

Оваа одлука збуни голем број на македонски иселенеци кои живеат и работат во Германија, а кои летово успеаја да дојдат на посета дома. Сега велат,  се изложени на дополнителен стрес и пари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ