среда, ноември 20, 2024
домаЖивотПознато музичко семејство криело дека се позитивни на корона вирусот, нивниот син...

Познато музичко семејство криело дека се позитивни на корона вирусот, нивниот син се дружел со останатите деца без да пријави дека е позитивен на вирусот

До редкацијата на ТЕХТ.МК стаса писмо од читателка која апелира Министерството за здравство јавно да ги објавува имињата на оние кои добиле решение за самоизолација, бидејќи согласно нејзиниот пример, граѓаните кои се позитивни не почитуваат ништо, туку напротив слободно се шетаат и претставуваат ризик за останатите.

Читателката, чиј идентитет и е познат на редакцијата пишува дека познато музичко семејство од населабата Лисиче, и покрај тоа што биле позитивни на корона вирусот слободно се шетале, а нивниот син се дружел со останатите деца и можел да го загрози нивното здравје.

Во писмото таа вели:

„Јас,како мајка донор на бубрег за својата ќерка разочарана сум од свеста на луѓето првенствено, а сега, по цела недела агонија би сакала јавно да споделам со јавноста.
Моите први комшии и покрај фактот што знаат дека мојата ќерка е трансплантирана,со имуно супресиви, не пријавија дека имале симптоми на вирусот, ниту пак подоцна откако ги добија резултатите не се повлекоа, ниту пак не информираа, иако нивниот син за цело време имаше контакти со моите деца.„
Читателката објаснува дека соседите не ги пријавиле во контакти, цела недела чекале за да се тестираат приватно. Таа информира и дека поради несериозниот однос на соседите имало и други деца кои биле во контакт со детето од семејството позитивно на КОВИД 19, и морале да остана 14 дена во изолција од причина што немале финансии да платат приватен тест.
Таа тврди дека жената од заразеното семејство е хоспитализирана на инфектина клиника, но соседите упорно кријат.
Читателката апелира да се покрене иницијатива за јавно објавување како во Финска,и верува дека на тој начин ќе има почитување на мерките. Според неа нема кординација меѓу центарот за јавно здравје и МВР, бидејќи дури по нивна интервенција и со ургенции им се доставени решенија за самоизолација.
„Иако имаа позитивни тестови,во МВР немаа податоци за контрола.Преку луѓе интервениравме да им достават решенија и да ги проверуваат од пс Аеродром зошто слободно се шетаа надвор.“- се вели во писмото на револтираната жена.
Таа вели дека за среќа нивните резултатите се негативни на корона вирусот, но дека непочитувањети на мерките за самоизолација од страна на соседите можеле да бидат фатални за нејзината ќерка.
Н.Д.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ