И додека кај нас се разговара дали вработените во Бирото за развој на образованието се на колективен одмор или не, соседните држави излегоа со конкретни насоки за тоа како ќе изгледа наставата во наредниот период. Во Србија децата ќе го почнат првиот час седнати на клупа, а потоа секој родител како ќе одлучи. Во Грција оваа година ќе се учи на далечински и наставата нема да почне пред 1 октомври, а и Албанија е на чекор да обере настава на далечинско. Во соседна Бугарија информираа дека учебната година ќе започне на 15 септември, a до кога ќе трае не знаат. Но, за Бугарија едно е сигурно – на далечинско ќе учат децата со хронични заболувања. За останатите, на помалку од еден месец, се воведува комбинирана настата. Но, родителите инсистираат на тоа дека секој од нив има право да одлучи дали ќе го пушти своето дете да оди на училиште и најавуваат бојкот на наставата доколку нема опција за онлајн настава.
Кај нас новата учебна година започнува во услови на континуирана епидемиолошка состојба и без јасна слика како таа ќе се одвива. За денес на пладне е закажана владина седница на која велат ќе има одлука, но тешко дека ќе има усогласеност, особено ако се има предвид дека бројката на новозаразени не се симнува под 10% од бројот на тестирани, а МОН инсистира на физичка настава во училиште. Се уште сме високо ризична земја, а услови за хигиенско безбедносно одвивање на наставата нема. Предлогот на Комисијаат за заразни болести да одат на училиште децата до 1-3 одделение предизвика голем револт кај родителите, па се очекува големи реакции доколку истиот предлог биде прифатен. Да ја почекаме одлуката на владата!
Н.Д.