понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотЗдравјеИзраел: Произведени маски кои сами го уништуваат вирусот

Израел: Произведени маски кои сами го уништуваат вирусот

Израелски научници дизајнираа и развија заштитна маска која го уништува вирусот сама од себе!

Направена е со употреба на технологија за правење завои и друга воена опрема, а специфичноста на маската лежи во фактот дека нејзината ефикасност не се намалува со времето. Одлична е за лекарите, но и за сите луѓе кои сакаат да се заштитат од корона вирусот.

Маската не се разликува по изглед од класичните хируршки маски за лице, но за време на производството, во материјалот се става бакар оксид со антивирусни и антибактериски својства.

Маската може да се користи повеќекратно додека не биде физички уништена, натопена со вода или значително извалкана. Со секојдневно носење може да се користи до еден месец. Маската може да се носи континуирано до три часа, а потоа треба да се отстрани, да се стави на рамна површина и да се остави 40 минути со цел својствата на материјалот да ги неутрализираат патогените.

Цената на една маска е околу пет евра. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ