вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотЗдравјеПроизводителите бараат од ЕУ поголема заштита при нуспојави од вакцината за Ковид-19

Производителите бараат од ЕУ поголема заштита при нуспојави од вакцината за Ковид-19

Европската унија им дава на производителите на вакцини само делумна заштита од законски ризици што би можеле да бидат резултат на можните негативни нуспојави на вакцината за Ковид-19, соопштија европските власти. Вакцините се развиваат со невидена брзина за време на пандемија на коронавирус, така што ризикот од можни неочекувани несакани ефекти или неефикасност е потенцијално поголем.

Финансиското покривање на овие ризици е клучна тема во дискусиите помеѓу производителите на лекови и владите кои бараат однапред да обезбедат вакцини. Во овие вонредни околности, владите на ЕУ се „подготвени за финансиско покривање на одредени ризици на овие компании“, изјави европски претставник за Ројтерс во средата. Сепак, тој додаде дека остануваат воспоставените строги регулативи на ЕУ за одговорноста на производителот.

Според овие регулативи, производителите на вакцини и други компании имаат законска одговорност за нивните производи што се продаваат во ЕУ, освен во ретки случаи, како на пример кога не се пуштени во продажба.

Судот на правдата на ЕУ ја прошири одговорноста на производителите на лекови во 2017 година, пресудувајќи дека корисниците на вакцини имаат право на обештетување доколку можат да докажат дека вакцината предизвикала негативнз нуспојава, дури и кога нема научен консензус за тоа.

Намалувањето на правниот товар за производителите на вакцини е приоритет на ЕУ во време на пандемија, бидејќи се смета за клучно убедување на компаниите да инвестираат во ризични вакцини, се вели во внатрешниот документ на ЕУ од 7 мај. Предлозите на ЕУ за намалување на оваа одговорност не ги исполнуваа секогаш очекувањата на производителите.

Претставници на ЕУ, вклучени во доверливите преговори, за Ројтерс во јули изјавија дека прашањето за одговорност е камен на сопнување во преговорите со американскиот производител на лекови „Џонсон и Џонсон“ и „Физер“ кој развива потенцијална вакцина за Ковид-19 со германската компанија за биотехнологија „БиоНтек“, потсетува Ројтерс.

Последователно, ЕУ објави дека преговорите со „Џонсон и Џонсон“ напредувале, иако сè уште не е постигнат договор. Портпаролот на Европската комисија во средата одби да одговори на прашањето дали проблемите за одговорност се пречка во разговорите со производителите на вакцини.

ЕУ потпиша авансен договор на почетокот на август за набавка на потенцијална вакцина што ја развија „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд. Тоа е единствената таква спогодба која ЕУ досега ја склопи, а нуди само делумно покривање на ризиците на производителите во случај на можни несакани ефекти од вакцината.

„Договорот предвидува страните да делат одговорност и финансиски трошоци“, се вели во соопштението на белгиската агенција за лекови, коментирајќи го договорот што Комисијата го постигна со „АстраЗенека“ во име на 27 земји членки на ЕУ, вклучително и Белгија.

„Со авансните договори за набавка се предвидува дека земјите-членки му плаќаат на производителот оштета за одредени настанати трошоци“, рече претставник на Комисијата кога го прашаа за договорот, но не даде детали.

Во САД трошоците за оштета во случај на нуспојави од вакцината се на товар на владата, а не на производителите. Конгресот издвои 30 милијарди американски долари оваа година за борба против Ковид-19, вклучително и финансирање за развој на вакцини, но и исплата на компензација во случај на несакани ефекти.

Во меѓувреме, ЕУ има кризен фонд кој е користен за време на пандемијата и се очекува да им помогне на производителите да развијат вакцини и да ги покријат ризиците со околу две милијарди евра, рекоа европските власти. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ