среда, ноември 20, 2024
домаЖивотОдредени училишта бараат медицинска потврда ако родителите се одлучат за онлајн настава...Родителите...

Одредени училишта бараат медицинска потврда ако родителите се одлучат за онлајн настава…Родителите прашуваат дали се почитува Одлуката на Владата?!

До нашата редакција стаса информација дека во ОУ „Кирил и Методиј“ во Велес од родителите кои ќе се одлучат нивното дете да следи онлајн настава, се бара  да достават дополнителна медицинска потврда. Исто тоа се бараше и во ОУ во Битола и покрај тоа што во Одлуката на Владата никаде не стои дека родителите треба да достават потврда од доктор, туку повеќепати се потенцираше дека одлуката на ордителот е безусловна.

Дури и Министерот за здравство Венко Филипче во повеќе наврати потенцираше, а воедно и на последното интервју образложи, а тоа е дека за детето да посетува онлајн настава потребно е само родителот да сака онлајн настава и ништо повеќе.

Родителите прашуваат зошто го бараат ова надлежните од одредени училишта и дали некој ќе превземе одговорност за ова. Одлуката на Владата е јасна и недвосмислена – одлуката за следење онлајн настава е безусловна. Министерката за образование, Мила Цароска е на потег!

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ