понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотПожар во најголемиот бегалски камп во Грција, евакуирани мигрантите

Пожар во најголемиот бегалски камп во Грција, евакуирани мигрантите

Пожар избувна во најголемиот мигрантски камп во Грција, Мориј, на островот Лезбос рано во средата, соопштија претставници на противпожарната бригада. Најмалку 25 пожарникари со 10 цистерни, потпомогнати од полицијата, се бореа со пламенот и во и надвор од објектот.

Засега нема извештаи за повредени, додека причината за пожарот во кој изгореа шатори и контејнери не е јасна, изјави претставник на противпожарната бригада.

Полициски службеник изјави дека мигрантите се однесени на безбедно место. Луѓето беа видени како го напуштаат кампот, носејќи го својот багаж, изјавија очевидци на Ројтерс.

Објектот во Морија, кој е домаќин на повеќе од 12.000 луѓе – повеќе од четири пати од наведениот капацитет, беше често критикуван од хуманитарните групи за лошите услови за живот, а само пред неколку дена беа реагистрирани 16 лица заразени со КОВИД19, со што кампот беше ставен во карантин. Во меѓувреме бројката на заразени се искачи на 35 пациенти. Поради пандемијата на коронавирусот, од 1 март, сите мигранти кои стигаа на островот биле ставени во карантин далеку од камповите. Во логорот Морија, хуманитарните групи предупредуваат дека социјалните дистанцирања и основните хигиенски мерки се невозможни да се спроведат поради условите за живот.

Островот Лезбос, кој се наоѓа непосредно покрај турскиот брег, го отвори најголемиот камп во Грција за време на големата мигранстка криза во 2015-2016 година.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ