понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотСЗО предупредува: Бројот на хоспитализации на лица на возраст меѓу 15 и...

СЗО предупредува: Бројот на хоспитализации на лица на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со ковид-19, се зголемува во неколку земји

Бројот на хоспитализации на лица на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со ковид-19, се зголемува во неколку земји

Светската здравствена организација предупреди денес дека Ковид-19, болест предизвикана од новиот вирус корона, се шири со загрижувачко темпо во некои делови на северната хемисфера, неколку месеци од сезоната на зимски грип.

„Почнуваме да гледаме загрижувачки трендови во некои земји“, рече Марија Ван Керхове, технички директор на СЗО за „Ковид-19“, за време на веб-емисијата на социјалните мрежи, пренесува Ројтерс.

– Забележуваме зголемување на бројот на хоспитализации во единиците за интензивна нега, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои делови на Соединетите држави. Тоа е загрижувачко, бидејќи сезоната на грип сè уште не е започната – рече Ван Керхове.

Ван Керхове изјави дека бројот на хоспитализации на лица на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со ковид-19, се зголемува во неколку земји.
Мајк Рајан, главен експерт за итни случаи на СЗО, ги советуваше луѓето со висок ризик од инфекција со ковид-19 да се вакцинираат против грип.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ