Министерката за образование Мила Цароска на денешната прес конференција ја промовира Националната платформа за едукација. Како што рече Цароска националната платформа за учење на далечина е едноставна за користење, но истовремено и исчекор кон модернизација на образованието.
„Верувам дека кризата е можност забрзано да работиме на новите алатки, методи и пристапи во образованието, а со тоа да го подготвиме системот и учениците за иднината…моделот кој го избравме е баланс помеѓу доброто образование и заштитата на јавното здравје“, рече Царовска.
Платформата е преведена на сите наставни јазици и во тек се обуките за наставниците и сите ќе бидат опфатени.
@Платформата ја создаваме како трајна вредност, која ќе треба да се надградува” – рече Цароска.
Министерката додаде дека платформата е мошне ефикасна и едноставна за сите коишто ќе ја користат.
А.Н.