понеделник, јануари 20, 2025
домаКујнаОд полноќ поскапуваат горивата

Од полноќ поскапуваат горивата

Со новата одлука на Регулаторната комисија цените на нафтените деривати од полноќ имаат нови цени. Така, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, па ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека  на ЕУРОСУПЕР БС98 новата цена е 62,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, со што новата цена на дизелот ќе биде 49,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг во однос на цената
утврдена со Одлуката од 14.09.2020 година, па малопродажната цена на Мазутот М-1 НС
ќе изнесува 25,311 ден/кг. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ