„Системот мој термин во ниеден момент не беше блокиран, бидејќи тоа го пратевме. Освен на пулмологија, на сите други клиники имаше место“ – вели министерот Филипче на прашањето на ТЕХТ.МК дач ќе
„Не се враќаат хроничните болни, туку остануваат дома во период од 6 месеци сите оние за кои доктор специјалист ќе процени дека треба да бидат дома. На работа се враќаат оние кои имаат дијагноза врз која ова не влијае на нивното секојдневно функционирање“, тврди Филипче.
Пред неколку дена министерот за здравство кажа дека на работа ќе се вратат оние кај кои не е регистрирано влошување на здравствената состојба, но хроничните болни кажуваат дека кај хронично болно лице влошување на состојба е еднакво на смрт! И затоа апелираат министерот и Комисијата за заразни болести да имаат посензитивен пристап кон ова прашање, бидејќи ќе бараат од нив да одговараат за обид за убиство!
За разлика од министерот хроничните болни со кои разговаравме тврдат дека место преку „мој термин“ нема, и тоа не само на Клиниката за пулмологија. Но, и да е така, Филипче не обајсни дали тие што барале упат за Пулмологија, а не добиле во предвидениот период се ослободени до закажаниот термин.
Претставници на здружението на хронични болни уште прашуваат зошто не се кажува како ќе се исплаќа пресметката за боледување, ако се знае дека досега неколкупати се најавуваше промена на стариот правилник?
Хроничните болни најавуват тужба за секој еден кој поради одлуката за враѓање на работа се заразат, дека ќе ја тужат државата, притоа напоменувајќи дека на работа речиси никој не почитува протоколи.
Н.Д.