среда, ноември 20, 2024
домаЖивотДенеска 37 мајки добиле отказ, а 120 морале сами да си дадат...

Денеска 37 мајки добиле отказ, а 120 морале сами да си дадат бидејќи нема кој да им ги чува децата

Мајките кои денес требаа да се вратат на работа по укинувањето на продолженото породилно отсуство, се со поделени емоции. Во групите на осицијалните мрежи, за кои патем министерката Шахпаска гледа со потсмев и веројатно не се реални, постојано се пишува за мајки кои добиле отказ, мајки на кои децата не им ги примиле во градинка,како и компании кои одбиваат да им дадат одмор кое задолжително им следува на мајките кои се враќаат од породилно.

Правни експерти тврдат дека ниедна компанија нема законско право да не им го даде законскиот одмор на мајките кои изминативе месеци биле на породилно отсуство, и секое извртување или непочитување на тоа право ќе се санкционира. Од МТСП, пак, велат дека секој кој нема да ги почитува заоните за тоа ќе одговара. Правници објаснуваат дека по враќањето од породилно отсуство работодавачот нема право да ве избрка од работа во период од три месеци, додека мајка која дои има право на платена пауза од час и половина, со цел мајката да го дои бебето во дадениот период.

Мајките кои добиле отказ имаат право на надомест од АВРМ, но и за тоа има одредени услови. Надомест имаат мајките вработени на определено време, како и оние кои имале договор на неопределено, но на кои работниот однос ќе им престане со отказ од страна на работодавецот поради технолошки, организациони или структурални причини, но не доколку работниот однос се прекине со спогодба. Висината на надоместокот и времетраењето на истиот се утврдуваат во зависност од работниот стаж и висината на плата.

Во една од групите на социјалните мрежи 37 мајки денеска добиле отказ, 120 мајки се приморани да дадат отказ бидејќи децата не им ги примаат во градинка, а 76 мајки користат годишен одмор што го добиле од компаниите како законско право.

Според информациите кои постојано стасуваат до нас, инспекциите се веќе на терен!

Н.Доковска

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ