Европската агенција за лекови (ЕМА) може да одобри три вакцини против коронавирус на почетокот на следната година, изјави извршниот директор на агенцијата Гвидо Раси.
-Ако сè оди добро, ЕМА може да одобри три вакцини во првите месеци од 2021 година. Но, сè мора да оди добро. Постои мала пречка која демне околу секој агол, рече Раси во интервјуто за Скај ТГ24 во петокот, што го пренесе АНСА.
„Многу е тешко, ако не и невозможно, да се очекува вакцина оваа година“, рече тој.
„Првата вакцина за групи со висок ризик може да биде достапна до пролет“, откри Раси.
ЕМА ги разгледува потенцијалните вакцини што ги развиваат „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Модерна“.
Резултатите од тестовите на овие вакцини се прегледуваат како што пристигнуваат и пред да заврши испитувањето, со цел да се забрза постапката за одобрување доколку се докаже дека вакцината е успешна.
Развојот на вакцината би бил само почеток на крајот на пандемијата, а не и нејзин крај, предупреди Раси.
Тој рече дека мерките како што се почитување на физичкото растојание и употреба на заштитни маски сепак ќе бидат неопходни затоа што ќе бидат потребни најмалку шест месеци за да се утврди дали вакцината е успешна во намалувањето на ширењето на вирусот. А.Н.