среда, ноември 20, 2024
домаЖивотРекорден број на починати, 14, и 404 новозразени од 1524 теста

Рекорден број на починати, 14, и 404 новозразени од 1524 теста

Во последново деноноќие регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, Гевгелија-9, Струмица-29, Крива Паланка-2, Кочани-18, Пробиштип-3, Берово-6, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-2, Неготино-9.  Направените се 1524 теста и тоа во ИЈЗ-797, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-225, Биотек-107, МАНУ -119, Жан Митрев (Филип Втори) -114, Систина со PCR метода -102 , лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-3, ГАК-9, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 233.137 тестирања на Ковид -19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти.

Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.

Најголем број на позитивни пациенти има во  Скопје 11201, од кои активни се 3388, а по други градови следат: Куманово 2095, активни 310,  Дебар 319, активни 57,  Штип 1529, активни 190,  Прилеп 1054, активни 302,  Тетово 1897, активни 395, Струга 771, активни 80,  Велес 488, активни 136, Битола 525, активни 171, Охрид 593, активни 159,  Кавадарци 411, активни 158, Гостивар 1096, активни 140, Гевгелија 317, активни 169 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица 705, активни 419, Крива Паланка 201, активни 74, Радовиш 199, активни 74, Крушево 21, активни 1, Кочани 632, активни 210, Пробиштип 155, активни 25, Демир Хисар 71, активни 10, Македонски Брод 98, активни 3, Пехчево 57, активни 9,  Берово 185, активни 49,  Валандово 92, активни 42, Виница 162, активни 58,  Делчево 226, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 34, активни 8,  Свети Николе 447, активни 69,  Кичево 475, активни 122,  Ресен 222, активни 53,  Неготино 116, активни 58 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во Скопје најмногу активни случаи има во Аеродром (656) случаи, по што следува , Карпош со 522 лица, Центар – 507, Гази Баба – 420, Кисела Вода – 395, Ѓорче Петров – 276, Чаир – 167,  Бутел – 140, во Илинден има 61 лице заразено, Сопиште – 27,  Шуто Оризари – 25, Сарај – 21, Петровец –20, Чучер Сандево – 14, Арачиново – 10, Зелениково – 8, Студеничани – 7. ИЈЗ регистрира 22 странци и 90 се нераспределени. А.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ