Властите во Брисел денеска одлучија да воведат полициски час од 22 региони и наредија продавниците да се затворат во 20 часот. Културните и спортските активности ќе бидат забранети од понеделник, објави денеска премиерот на бриселскиот регион Руди Верворт, цитиран од БТА.
Овие нови ограничувања се во прилог на оние усвоени од владата за целата земја во петокот и на мерките најавени од Валонија, франкофонскиот регион на земјата кој е силно погоден од пандемијата. „Ситуацијата е многу сериозна“, рече Верворт на прес-конференција.
Брисел има 1,2 милиони жители и е дом на седиштето на европските институции и на НАТО. Мерките, кои беа објавени денес, ќе важат и за вработените во меѓународните институции, соопшти АФП.
Ќе успееме само доколку одлуките донесени денес ги спроведе населението, нагласи Верворт.
Резултатите од мерките ќе станат јасни за 10 до 15 дена, прецизираат бриселските власти. Н.Д.