Раните испитувања на вакцината против ковид-19 развиена од Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“ сугерираат дека тоа резултира со силен имунолошки одговор кај постарата популација која се смета за најризична.
Се верува дека вакцината е пресвртна точка во борбата против новиот коронавирус, кој досега уби повеќе од 1,15 милиони луѓе ширум светот, ја уништи глобалната економија и го запре нормалниот живот на луѓето ширум светот.
Оксфордската вакцина предизвикува имунолошки одговор, што резултира со производство на антитела и Т-клетки кои успешно се борат против коронавирусот меѓу членовите на постарата популација, пишува „Фајненшл тајмс“.
Тестовите на крвта „имуногеностис“ спроведени во подгрупа на постари учесници во студијата одговараа на податоците објавени во јули, кои покажаа дека вакцината генерира „силен имунолошки одговор“ кај група здрави возрасни лица на возраст меѓу 18 и 55 години, пишува „Фајненшл тајмс“.
Се очекува деталите за испитувањето да бидат објавени наскоро во стручно медицинско списание, но не е наведено за кое издание станува збор.
Позитивните тестови за имуногеност, можноста за стимулирање на имунолошки одговор, не гарантираат дека вакцината на крајот ќе се покаже безбедна и ефикасна кај постарите лица. „АстраЗенека“, која развива вакцина со истражувачи од Универзитетот во Оксфорд, се смета за лидер во трката за производство на вакцина за ковид-19.
Оксфордската вакцина се очекува да биде една од првите меѓу големите фармацевтски компании кои добија регулаторно одобрување, заедно со компаниите кандидати “Фајзер“ и „БиоНТек“. Извршниот директор Паскал Сорио изјави дека вакцината најверојатно ќе обезбеди заштита околу една година.
Вакцината, наречена ChAdOx1 nCoV-19 или AZD1222, е направена со употреба на обичен вирус на настинка наречен аденовирус земен од шимпанза, а потоа биле избришани околу 20 проценти од неговите „упатства“. Ова значи дека вакцината е невозможно да се реплицира или да предизвика болест кај луѓето.
Таа беше развиена од научници на Универзитетот во Оксфорд и одобрена во април од „АстраЗенека“, компанија што ја презеде работата за оптимизирање на тестирање и производство.
Британскиот производител на лекови досега потпиша неколку договори за набавка и производство на вакцини со компании и влади низ целиот свет, бидејќи е сè поблизу до објавување извештаи за раните резултати од последните фази на клиничките испитувања. А.Н.