На социјалните мрежи се споделуваат апели за донирање крвна плазма.
Во една од објавите се вели дека итно е потребна крвна плазма од Ковид-19 излекуван пациент, А RH+. Станува збор за жена во своите педесетти години, позитивна на вирусот, која е хоспитализирана на Инфективна клиника во Скопје.
Децата на жената апелираат до хуманите граѓани кои прележале корона вирус, а ја имаат соодветната крвна група, да ја покажат својата човечност, бидејќи се работи за животот на нивната мајка и состојбата е сериозна.
Лице за контакт – Тина 070 688 014
Истовремено и навивачите на КК Работнички апелираат за донација на крвна плазма
од пациент со крвна група НУЛТА НЕГАТИВ кој веќе го прележал COVID-19!
Во информацијата се вели дека веќе се обезбедени неколку донатори, но доколку има некој да познавате пишете во инбокс или ѕвонете на 078-448-051.
Донацијата е потребна за пациент во ризична состојба! Пријателите замолуваат доколку имате контакт од пациент со соодветна крвна група: НУЛТА НЕГАТИВ да донира крв во Институт за трансфузиологија за ГОРАН КОСТАДИНОВСКИ!
Ал.Н.