ЈЗУ Здравствен Дом Скопје информира дека од понеделник 09.11.2020 година, во координација со Министерството за здравство започнуваат со тестирање со брз тест за Covid-19. Тестирањата ќе се спроведуваат во шест поликлиники на територијата на град Скопје и тоа Поликлиника Ѓорче Петров, Јане Сандански, Бит Пазар, Идадија, Чаир и Ченто.
Тестирањето со брзите тестови ќе се спроведе со екипи (лаборанти и биохемичари) на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје. Закажувањето е започнато и ќе оди преку матичните лекари со Мој термин. Од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје се надеваат дека со ова ќе се постигне намалување на периодот на чекање и ќе се овозможи побрза реакција и лекување на пациентите.
Во врска со достапноста на вакцините против сезонски грип вакцинацијата ќе биде исто на 6 локации односно во Поликлиника Букурешт, Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар и Јане Сандански, секој работен ден во периодот од 14 до 19 часот.
Вакцинацијата ќе биде спроведена од превентивните екипи на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје. Заинтересираните лица ќе можат да закажат бесплатна вакцинација преку својот матичен лекар.
- Н. Д.