Од лабораторијата на Биотек информираат дека од денес е намалена цената на сите видови тестирања за КОВИД19. Ви ја пренесуваме информацијата од компанијата:
„Соочени со фактот на сезонскиот пик на пандемијата, одлучивме да одговориме на апелот на министерот и да овозможиме цени кои ќе овозможат поголем број тестирања додека трае сезонската криза со покачен број на пациенти.
Од понеделник 09.11.2020, цените на нашите услуги ќе бидат:
– единечен PCR Sars Cov 2 тест, 2600ден, докажување на гените на вирусот,
резултат истиот ден ;
– единечен PCR Sars Cov 2 фамилијарен тест (минимум 2) , 2500ден; резултат истиот ден
– PCR Sars Cov 2 & Influenca A & Influenca B , докажување на гените на
Covid, и на инфлуенца ( грип) , 2900ден резултат истиот ден;
– брз антиген тест од назофарингијален брис, препорачан за пациенти со симптоми до петтиот ден од клиничка слика, 1000 ден, резултати за 1 час.
*За пациенти со клиничка слика и негативен антиген тест, според препораки на WHO треба да направат конфирматорен PCR тест кој ќе го добијат по цена 2400ден.
*Позитивни пациенти на антиген тест кои сакаат резултатот да го конфирмираат со PCR метода 2400ден.
– антитела IgM и IgG пакет 1200ден
– единечни антитела 650ден
– сертификат со превод за патување во склоп од цена 2600ден.„
Н.Д.