Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС) поведоа иницијатива за преименување на детската болница “Козле” во чест на нивниот рано починат колега, Д-р Трајче Нешковскина. Со потпишување на петиција тие бараат детската болница “Козле” да се преименува во Трајче Нешковски.
Во образложението се вели: „Со овој чекор сакаме да ја подигнеме свеста за неговото дело, големина, заложби и пожртвуваност да помогне на пациентите и луѓето, но и на целиот здравствен систем. Сведоци сме за особеното ангажирање на Трајче Нешковски, од самиот почеток кога беше активно вклучен во работата на КОВИД-19 центарот во Детската болница „Козле“ што дотолку повеќе ја потенцира неговата величина и го отсликува неговиот карактер и душа. Како негови колеги чувствуваме одговорност и потреба постхумно да направиме напори пред општество да ја издигнеме големината на Трајче – како благороден и хуман човек, здравствен херој, неговото дело да биде етаблирано и признаено, како во лекарската фела, така и во општеството.
Да се обидеме неговото дело вечно да остане запаметено меѓу нас, предавајки го неговото наследство на идните генерации.“
Петицијата која можете да ја потпишат сите кои ја подржуваат оваа иницијатива за кратко време собра над 2000 приврзаници.
А.Н.