Веста за новата вакцина на Физер и БиоНТех со ефикасност од 90 проценти против COVID-19 ги оживеа надежите на светот за наоѓање лек за смртоносната инфекција. Сепак, зад откритието стојат деноноќните напори на двајца лекари – Угур Сахин и Озлем Туречи, семејство поврзано со нивната љубов кон истражувањето во медицината, пишува Дејли меил.
Шахин основал две мултимилионски компании, од кои едната, БиоНТех, ја развива новата вакцина. Опишан е како исклучително скромен, 55-годишниот лекар, кој сè уште претпочита да вози велосипед и неговата сопруга сега се дефинирани како „тим од соништата“.
Д-р Сахин е роден во Турција, но израснал во Германија, каде што неговите родители работат во фабрика за автомобили. Студирал медицина и станал професор, покажувајќи интерес за истражувачка работа од областа на имунотерапијата. Сахин работел во универзитетските болници во Келн и Хамбург, каде се сретнал со неговиот колега имунолог, Озлем Туречи, на почетокот на неговата академска кариера. Така, медицинските истражувања од областа на онкологијата и имунологијата им станаа заедничка страст.
Озлем е ќерка на турски лекар кој емигрирал во Германија. Во едно од нејзините рани интервјуа, таа раскажува дека дури и на денот на нејзината венчавка, таа и нејзиниот сопруг одвоиле време да работат во лабораторија. Истражувачите гледаа на имунолошкиот систем како потенцијален сојузник во борбата против ракот и се обидоа да пристапат кон уникатната генетска структура на секој тумор поединечно.
Паралелно со истражувањето, во 2016 година тој го продаде Ганимед на јапонски „Астелас“ за 1,4 милијарди долари.
Во 2008 година, семејството ја создаде BioNTech, чија цел е да најде лекови против рак со широк спектар. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс инвестира 55 милиони долари во компанијата, која работи и на програми за третман на ХИВ и туберкулоза.
Колегите на Угур Сахин го опишуваат како мирен и контролиран човек кој избегнува да ја провери цената на акциите на неговата компанија и наместо тоа претпочита да чита научни списанија. Тој и неговата сопруга се рангирани меѓу 100-те најбогати Германци според весникот „Велт ам Сонтаг“.
А.Н.