среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЗдравјеВо последното деноноќие 26 починати пациенти, најмладиот на 36 години

Во последното деноноќие 26 починати пациенти, најмладиот на 36 години

 

Министерството за здравство (МЗ) информира дека во последното деноноќие има 1295 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 3315 направени тестирања, 26 починати и 429 оздравени пациенти.

Најмногу новозаразени има во Скопје-539, Куманово-55,  Дебар-3, Штип-36, Прилеп-92, Тетово-83, Струга-35, Велес-40, Битола-50, Охрид-26, Кавадарци-34, Гостивар-72, Гевгелија-24, Струмица-23, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-32, Пробиштип-7, Демир Хисар-16, Пехчево-2, Берово-11,  Виница-7, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-13, Кичево-40, Ресен-13, Неготино-18.

Починати се 26 лица, од кои шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74г), еден од Куманово (86г), еден од Штип (76г), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74г), двајца од Тетово (76 и 77г), пациент од Струга (86г), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82г), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77г) и еден пациент од Свети Николе (62г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815.

Досега во земјата се направени вкупно 283.085 тестирања на Ковид -19.

А. Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ