сабота, јануари 11, 2025
домаПочина легендарниот пејач Крунослав Киќо Слабинац

Почина легендарниот пејач Крунослав Киќо Слабинац

Денес на 76-годишна возраст почина еден од најпознатите пејачи од поранешна Југославија, Крунослав Киќо Слабинац, пренесуваат хрватските медиуми.

Пејачот беше опериран неколку пати во изминатите месеци, и иако неговите роднини се надеваа дека сè ќе биде подобро, лекарите во неколку наврати ги подготвуваа за најлошото.

Зад себе ги остави неутешните синови Паво (41) и Иван (39), пријатели и бројни фанови.

Според претходните објави на РТЛ, состојбата на пејачот се искомплицирала по операцијата на срцето.

Легендарниот пејач зад себе остави бројни хитови, а еден од нив е посветен на русокосата која остави трага на неговото срце. Имено, познатата песна „Русокоса“ (Плавуша) е напишана за банкарска службеничка, за која Киќо дури подоцна дозна дека е мажена и дека има дете. Еден од хитовите напишан и отпеан пред повеќе од 45 години се пее и денес и не е заборавен – „Поради една убава црна жена“ (Због једне дивне црне жене). А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ