среда, ноември 20, 2024
домаЖивотИ покрај големиот број на заразени и високата смртност, Комисијата за заразни...

И покрај големиот број на заразени и високата смртност, Комисијата за заразни болести не донесе нови мерки за заштита

Како што се дознава Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не предложила нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19. И покрај големиот број на заразени со корона вирусот и високата смртност, Комисијата за заразни болести не донесе нови, рестриктивни мерки мерки за заштита. Од Комисијата апелираат за целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила, како што се забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.

Само колку за потсетување сите соседни држави воведоа построги мерки за заштита, со цел ублажување од ширење на вирусот.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ