домаЖивотВо последните 24 часа 35 лица ја загубија битката со корона вирусот

Во последните 24 часа 35 лица ја загубија битката со корона вирусот

Во изминатите 24 часа потврдени се 387 нови случаи на Ковид-19 од 1176 направени тестирања. Најмногу новорегистрирани – 174 случаи се во Скопје, 56 во Гостивар, 26 во Тетово, 20 во Битола, 19 во Штип, 17 во Куманово, по 12 во Прилеп и Велес, по седум во Делчево и Свети Николе, шест во Струмица, по четири во Крива Паланка, Кочани и Неготино, по три во Кавадарци, Крушево и Кичево, по два во Пробиштип и Валандово и по еден случај е регистриран во Охрид, Гевгелија, Радовиш, Демир Хисар, Берово и Виница.

Во последните 24 часа, од Ковид-19 починале 35 лица, односно, десет пациенти од Скопје на 46, 48, 68, 79, 76, 73, 76, 66, 71 и 66 години, тројца од Куманово на 67, 82 и 79 години, еден од Штип на 79 години, двајца од Прилеп на 68 и 69 години, еден од Тетово на 84 години, еден од Велес на 73 години, двајца од Битола на 88 и 77 години и еден пациент од Охрид на 82 години, четири пациенти од Гостивар на 75, 73, 50 и 43 години, двајца од Струмица на 48 и 75 години, двајца од Берово на 70 и 53 години и двајца пациенти од Кичево на 54 и 70 години, еден од Кавадарци на 73 години, еден од Дојран на 65 години, еден од Радовиш на 76 години и еден од Кочани на 67 години.

Институтот за јавно здравје регистрираl 528 оздравени пациенти, односно, од Скопје-210, Куманово-35, Дебар-8, Штип-25, Прилеп-53, Тетово-38, Велес-26, Битола-3, Кавадарци-14, Гостивар-18, Гевгелија-5,  Струмица-19, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-8, Кратово-6, Свети Николе-18 и од Неготино-6.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687. Од вчера се евидентираат три контрони теста“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 313.519 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.176 тестови.   А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ