Обединетото Кралство треба да стане првата земја во Западна Европа што ќе ја одобри вакцината против ковид 19, а одобрението се очекува да пристигне за неколку дена, пишува Фајненшл тајмс
Весникот наведува дека дистрибуцијата на вакцината, на која работат Pfizer и BioNTech SE, ќе започне неколку часа по одобрувањето, повикувајќи се на неименувани владини претставници. Според истиот извор се очеува имунизацијата да започне од 7 декември.
Н.Д.