сабота, јануари 11, 2025
домаЖивотСценаТом Круз на сетот на „Невозможна мисија“ се заканувал со откази поради...

Том Круз на сетот на „Невозможна мисија“ се заканувал со откази поради непочитување на мерките

Американскиот актер и продуцент Том Круз на лондонскиот сет на неговиот нов, седми филм „Невозможна мисија“ викал и се заканувал на филмската екипа со отказ поради пропусти во безбедносните анти-ковид протоколи за снимање филмови, пишува британскиот весник „Сан“.

Пренесувајќи дека имаат автентична аудио-снимка од викањето на Круз кон филмската екипа, „Сан“ наведува дека ѕвездата на акциониот филм Круз имал големи забелешки за пропустите во физичкото растојание и другите правила што овозможуваат снимање за време на пандемијата на коронавирус.

Претставникот на Круз одбил да даде коментар.

„Сан“ исто така пишува дека, според таа аудио-снимка, Круз на филмската екипа на сетот во Лондон и рекол дека бил во постојан контакт со сите (…) студија, осигурителни компании, продуценти и дека сите ги гледале (…), велејќи: “Дали ја разбирате одговорноста што ја имате? И ако не можете да бидете разумни и не можете да се справите со вашата логика, отпуштени сте. Без извинување! Ако го направите повторно, отпуштени сте!”.

„Сан“ не навел кога точно се случило тоа, но филмската екипа пристигна во Лондон на почетокот на декември, поради продолжението на снимањето на седмата „Невозможна мисија“, што беше еден од првите филмови оваа година чие снимање беше запрено поради коронавирусот во февруари во Венеција, Италија.

Снимањето продолжи во септември повторно во Италија, потоа во Норвешка и Лондон, а во јули Круз лично апелираше до норвешкиот премиер да снима делови од филмот во Норвешка според изменетите правила за карантин.

Филмот на „Парамаунт Пикчрс“ треба да излезе во ноември 2021 година, за што Круз, според аудио-снимката на која се повикува „Сан“, исто така на филмскиот сет рече дека Холивуд се потпира на филмови како „Невозможна мисија“ за да и помогне на индустријата да се одржи во кризата и дека тој сака филм со „златен стандард, затоа што тие веруваат во нас и во она што го правиме“.

„Невозможна мисија“(Mission: Imposible) е една од најголемите франшизи во Холивуд, а последниот филм од 2018 година заработи повеќе од 791 милиони американски долари на благајните. Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ