Валентина Ѓоргиевска Парго
*Имаш нова фотосесија со која ја најавуваш пролетта. Што е највозбудливото за Тебе во ова годишно време?
-Со оглед на тоа што оваа година славам јубилееј во моето постоење, на 15 март полнам 30 години, решивме со Стефан Соколовски да направиме една нова фотосесија за во моето портфолио, со кое што ја најавуваме пролета мојот роденден, а и малку да излеземе од тесниот круг на Ковид 19. Малку да подигнеме поголема мотивација, доаѓа пролетта, а со тоа се раѓа к поголем желба за работа и успеси.
*Фотосесијата е направена во твојот град, Куманово. Кој Те фотографираше, колку траеше фотосесијата?
– За фотографијата беше задолжен Стефан Соколовски со кој работам веќе трета фотосесија. Мислам дека соработката ќе продолжи, затоа што многу му верувам, се восхитувам на неговата работа и професионалност.
*Сепак ова се наменски фотографии за познатата агенција “Моделс ин”. За каква намена ќе послужат?
– Фотографии се наменети за мојот нов “бук” во “Моделс ин”, но поради сегашнава ситуација знаеме дека помалку има работа. Но, се надевам што побрзо ќе се надмине ова и дека ќе почнеме да работиме многу повеќе.
*Како почна соработката со “Моделс ин”?
-Да се биде “Моделс ин” е навистина голема привилегија во Македонија, со оглед на тоа што знаеме дека е една од најдобрите модни агенции во нашава земја. А, и интернационална агенција е, која има испратено доста модели во соседните агенции низ Балканот, беше дел и од последната ревија на “Долче и Габана”. Навистина е големо задоволство да се биде дел од “Моделс ин”.
* Да се биде дел од “Моделс ин” значи да се биде под инструкции на сопственикот, познатиот модел Алек Наумовски. Каква е вашата соработка, како почна сето тоа?
-Со Алекс се сретнавме случајно, или не, ми ја препозна желбата ми ги отвори вратите и е навистина многу е посветен на своте модели, секогаш тука за совет за бодрење, утеха и за јака мотивација.
*Се е на некоја точна на мирување во овој период, што планирате потоа, каде ќе продолжите како модел? Кај нас се знае, тоа не е платен бизнис, мора некаде надвор.
– Кога сите мируваат, јасне мирувам хахахха, што е точно. Па искрен да бидам желбата ми е да се најдам како модел еве во некој спот за Евровизија, која самата по себе ми е желба уште од дете. Но, никогаш не се знае може и да зачекорам и на некоја од светските писти.