среда, декември 18, 2024
домаКујнаКим Јонг Ун ја пофали гостољубивоста на Сеул

Ким Јонг Ун ја пофали гостољубивоста на Сеул

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ја пофали гостољубивоста која Јужна Кореја ја даде својата сестра, Ким Јо Јонг, пренесоа корејските медиуми. Тој рече дека е важно да се искористи поттикот кој Зимските олимписки игри го даваат за дијалог на поделениот Корејски полуостров.

– Благодарноста на Јужна Кореја поради присуството на делегацијата на Северна Кореја и гостољубивоста што е пружена на членовите на нашата делегација се импресивни. Ви благодариме за искрените напори – рече Ким.

Ким Јо Јонг беше дел од делегацијата на Северна Кореја, кој присуствуваше на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, и за време на посетата на јужниот сосед, врачи покана до јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин за самитот во Пјонгчанг.

Мун не ја прифати веднаш поканата во Пјонгчанг и истакна дека за такво нешто е потребно да се создадат соодветни услови, пренесоа агенциите.

Советот за безбедност на ОН воведе санкции за Северна Кореја неколку пати, поради нуклеарните и балистички програми на Пјонгјанг, по неколку балистички и нуклеарни тестови извршени од страна на Северна Кореја.

Сепак, на ЗОИ во Јужна Кореја можеа да се видат необични сцени. Меѓу другото, Мун и Ким се забележани како заедно со церемонијалниот претседател на Северна Кореја Ким Јонг Нам даваат поддршка на обединетиот корејски женски хокеј тим, а заедно присуствуваа на музички концерт на уметници од Пјонгчанг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ