домаЖивотТројца научници ја освоија Нобеловата награда за хемија за создавање нови материјали

Тројца научници ја освоија Нобеловата награда за хемија за создавање нови материјали

Научниците Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар Јаги ја освоија Нобеловата награда за хемија за 2025 година „за развој на метално-органски мрежи“, соопшти во среда телото што ја доделува наградата.

Наградата, стара повеќе од еден век, ја доделува Кралската шведска академија на науките, а добитниците делат 11 милиони шведски круни (околу 1,2 милиони долари), како и славата од освојувањето на веројатно најпрестижната награда за наука во светот.

-Тие пронајдоа начини да создадат сосема нови материјали, со големи шуплини во нивната внатрешност кои можат да се гледаат речиси како хотелски соби, така што „гостинските“ молекули можат повторно да влегуваат и излегуваат од истиот материјал“ – изјави Хајнер Линке, претседател на Нобеловиот комитет за хемија, на прес-конференција, објави Ројтерс.

Тројцата лауреати работеа на создавање молекуларни структури со големи простори низ кои можат да поминат гасови и други хемикалии, кои би можеле да се користат за собирање вода од пустинскиот воздух, заробување јаглерод диоксид и складирање токсични гасови, пренесе „Вијести.ба“.

Нобеловата награда за хемија е третата награда објавена оваа година, во согласност со традицијата, по оние во медицината и физиката, кои беа објавени претходно оваа недела. Т.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ