петок, јануари 24, 2025
домаКујнаЗагинаа 30 лица во пожар во клиника за наркозависници во Баку

Загинаа 30 лица во пожар во клиника за наркозависници во Баку

Најмалку 30 лица загинаа во пожар во клиника за лекување наркозависници во главниот град на Азербејџан, Баку. Ова го објавија азербејџанската агенција АПА и руски Интерфакс, пренесе АНСА. Ројтерс јави, цитирајќи извор во азербејџанското Министерство за здравство дека најмалку 26 лица загинале во пожарот.

Деталите не се познати. Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев замина на местото на несреќата. Во пожарот има и повредени. Локалната агенција АПА јави дека жртвите биле пациенти кои биле врзани и не можеле да избегаат од пожарот.

Азербејџан, малата земја на Кавказ, е добро позната по неколку слични трагедии на пожари во станбени згради и возила од градскиот сообраќај. Во мај 2015 година, 15 луѓе загинаа во пожар во повеќекатница на периферијата на Баку, додека 289 лица загинаа во 1995 година во голем пожар во подземното метрото во главниот град.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ