Државниот инспекторат на Република Хрватска соопшти дека од пазарот се повлекува производот „SHAN WAI SHAN Matcha Tea“, поради утврдена миграција на тешкиот метал алуминиум.
Производот не е во согласност со европските прописи со кои се утврдуваат општите начела и услови на законодавството за храна, работата на Европската агенција за безбедност на храната и постапките во областа на безбедноста на храната.
Станува збор за чајот „SHAN WAI SHAN Matcha Tea“ во пакување од 80 грама, со рок на траење, односно ознака „најдобро да се употреби до 12 март 2028 година“.
Добавувач на производот е компанијата „Asia Express Food“ од Холандија, додека во малопродажба го пласира компанијата „VUKOJE LOGISTIKA“ од Велико Полје.
Известувањето за повлекувањето се однесува исклучиво на производот со наведените податоци. Потрошувачите се повикуваат да ги проверат пакувањата што ги имаат дома и да не го употребуваат производот доколку одговара на наведениот опис.
Засега нема информации дали спорниот чај се продава и во Северна Македонија, ниту пак Агенцијата за храна и ветеринарство има објавено известување за негово повлекување од домашниот пазар, иако истиот чај се рекламира и за онлајн продађба и кај нас.
Н.Д.

