Тв авторката Мери Тодорова Младеновска поминува активно лето, пред камера и во студио. Деновиве почна со снимање на новите продолженија на циклусот Тв емисии “Лица и дела”, што ќе се прикажуваат на Тв Сонце наесен.
-Од септември продолжуваме со нов концепт на “Лица и дела” на Тв Сонце што ќе биде изненадување за гледачите како новитет. Воглавно продолжуваме понатаму со “проектот” најдоброто од Македонија се разбира и понатаму со еминентни и значајни имиња, тимот што победува не се менува, најавува нејзиниот продуцент, воедно и брачен партнер Симе Младеновски.
За Мери е битно и тоа што конечно ќе почне со работа на романот, кој го осмислува подолго време, а не открива премногу за жанрот и приказната, но во најава е нешто многу интересно.
Мери подготвува и неколку нови музички нумери со нејзин текст, но и Бранко Николовски и Огнен Неделковски, а композитори се: Ристо Апостолов “Водолија”, Јане Дунимаглоски, Гаро Тавитјан, Дејан Миленковски , Томче Коцевски – Пепси и Благо Георгиевски – Партиман ( којшто работи и за музичката сцена во Велика Британија).
За спотовите што ќе се работат одговорни се Симе Младеновски, Баже Ангеловски и Томислав Коцевски – Пепси.За Мери е битно и тоа што конечно ќе почне со работа на романот, кој го осмислува подолго време, а не открива премногу за жанрот и приказната, но во најава е нешто многу интересно.
Мери неодамна и магистрира, под менторство на проф. д-р Гоце Цветановски.
– Мери Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” – Скопје го смета за една од најважните институции – ризница на македонскиот јазик, традиција и култура, а најмногу идентитет. Мери официјално е магистер по македонистика со комуникологија
Активно лето за Мери и нашиот тим, но над се посебно благодариме на сите наши гости во “Лица и дела”, соработници и спонзори и сите наши пријатели и поддржувачи затоа што без нив не би било можно овој проект да опстане и да трае веќе шест години, дополнува продуцентот.