вторник, декември 24, 2024
домаЕвропскиот парламент изгласа започнување кривична постапка против Унгарија

Европскиот парламент изгласа започнување кривична постапка против Унгарија

Европскиот парламент денеска го изгласа почетокот на кривичната постапка против Унгарија поради континуираното кршење на демократските закони. Со 448 гласови за, 197 против и 48 воздржани, резолуцијата беше усвоена на пленарната седница на парламентот во Стразбур.

Ова е вторпат ЕП да го покрене член 7. Против Унгарија беше покренат поради сериозно кршење на вредностите на ЕУ, а претходно беше против Полска. Оваа одредба од Договорот за ЕУ ​​подразбира суспендирање на одредени права на земја-членка, вклучувајќи ја и забраната на право на глас во институциите на ЕУ.

Пратениците резолуцијата за поведување на прекршочни постапки против Унгарија ја усвоија со големо мнозинство по жестока дебата меѓу различните фракции на Европскиот парламент и внатрешните поделби меѓу членовите на најголемата Европска народна партија на која и припаѓа партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Оваа процедура е предвидена од страна на т.н. Устав на ЕУ во случај некоја членка сериозно да ги крши основните вредности на ЕУ како што се владеењето на правото, демократијата, човековите права и достоинство, слободата и правото на малцинствата. Покренувањето на член 7 подразбира, меѓу другото, суспендирање на ЕУ финансиските трансфери на одредена членка, како и можно привремено укинување на гласот на таа земја во институциите на ЕУ.

По усвојувањето во Европскиот парламент, одлуката за суспензија на Унгарија ќе се најде пред Европскиот совет на гласање. Во случај на финална потврда за кршење на принципите на ЕУ и воведување санкции од ЕУ, Унгарија ќе продолжи да биде во позиција да ги почитува обврските што произлегуваат од членството во ЕУ.

Одлука за укинување на постапката против земја-членка согласно член 7, исто така, се донесува во Европскиот совет, и тоа треба да е поддржано од мнозинството, а не од сите земји-членки. Покренувањето на член 7 досега се случи еднаш во случајот на Полска, поради реформите што ги спроведе за кои Европската комисија оцени дека ја поткопуваат независноста на судството.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ