Со проекција на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески денеска од 18 часот во кино „Фросина“ неофицијално ќе почне третиот Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, кој ќе се одржува од 5 до 10 октомври. Од 20 часот следи и проекцијата на „Изборот на кралот“, едно од норвешките остварувања кои годинава се со посебен фокус на фестивалот.
Фестивалот под мотото „Првиот никогаш не се заборава“ официјално почнува в петок со премиера на македонскиот „Ругање со Христос“ – дебитантски игран филм на режисерот Јани Бојаџи. Во натпреварувачката селекција на фестивалот до 12 октомври покрај овој ќе се прикажат уште седум филмови и тоа пет европски, еден од Иран и еден од Перу.