„Меѓу 20-те жртви на пукањето на колеџот во Керч на Крим има 11 малолетници“, рече денес руската министерка за здравство Вероника Скворцова.
„Убиени се 20 лица, меѓу кои 15 ученици и пет вработени на колеџот. Единаесет од 15-те ученици се на возраст под 18 години“, рече Скворцова.
Лекарите во текот на ноќта ги стабилизираа тинејџерите кои сеуште се во критична состојба во болницата во Керч, додаде таа, објави Тасс.
Во болница се задржани 44 ранети лица со различни степени на сериозност на повредите, рече Скворцова.
На одделението за интензивна нега има десет ученици од Политехничкиот колеџ. Пет лица се во критична, но стабилна состојба, а останатите пет се во многу тешка ситуација. Сите се оперирани. Докторите добија задача да ги стабилизираат сите повредени во текот на ноќта, за да можат да бидат префрлени во федералните медицински центри.
Денес На Крим почнува тридневна жалост.