сабота, ноември 16, 2024
домаНасловна„Зојкиниот стан“ на Поплавска доаѓа во Скопје

„Зојкиниот стан“ на Поплавска доаѓа во Скопје

На големата сцена во Македонскиот народен театар на 4 декември, со почеток во 20 часот, ќе гостува Београдско драмско позориште со претставата „Зојкиниот стан“, трагична фарса на Михаил Булгаков поставена во режија на Наташа Поплавска. Претставата носи возбудлив спој на класика на драмската книжевност на 20-иот век со кореографски и музички партитури, како и со визуелни атракции.

„Режисерката Наташа Поплавска необично прецизно (и сурово) го прочитала делото на еден од најголемите критичари на соцреализмот“, потенцира белградската театарска критика за претставата „Зојкиниот стан“.

Во поставувањето на „Зојкиниот стан“ на сцената на Београдско драмско позориште учествуваше повеќечлена македонска екипа предводена од режисерката Наташа Поплавска. Композитор на музиката е Огнен Анастасовски, сцената и мултимедијалниот дизајн се дело на Емил Петро, костимограф е Роза Трајчевска, додека дизајнер на светлото е Милчо Александров.

Во претставата настапува голем дел од ансамблот на Београдско драмско позориште предводен од актерката Ана Софреновиќ како Зоја Денисовна Пелц, а во другите улоги на сцената во МНТ ќе ги видиме Андрија Кузмановиќ, Милан Чучиловиќ, Јадранка Селец, Милица Петровиќ, Саво Радовиќ, Милорад Дамјановиќ, Сандра Бугарски, Милица Милша, Анѓела Поповиќ, Милош Лазаров, Нада Мацанковиќ, Јелена Ракочевиќ, Кристина Јовановиќ, Саша Ѓурашевиќ, Арсеније Тубиќ/Ѓорѓе Креќа, Александар Стоименовски и Љубомир Ќустиќ.

Претставата трае 1 час и 40 минути, а билети може да се купат на следниот линк:

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ