недела, ноември 17, 2024
домаЖивотСцена„Торнадо во Скопје“- „Елита 5“ на 27 декември во МНТ

„Торнадо во Скопје“- „Елита 5“ на 27 декември во МНТ

Еден од најпознатите албански рок бендови на сите времиња „Елита 5“ ќе одржи голем концерт со наслов „Торнадо во Скопје“ на 27 декември со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар. Познатата тетовска рок група годинава одбележува јубилеј – триесет години постоење на музичката сцена. Трите децении музичка кариера во која создадоа бројни хитови, рокерите од Тетово ќе ги одбележат со концерти во Тирана и во Приштина, а со поддршка и во организација на Културно-информативниот центар и општината Чаир, последниот од серијата концерти ќе го реализираат во Скопје. „Елита 5“ на овој јубилеен концерт ќе ја забавува скопската публика со песните што се слушаат со генерации.
Во изминатите години бендот создаде 120 песни од кои најпознати се: „Ал Капоне“, „Не сум диктатор“, „Збори само збори“… Ова се само некои од хитовите што ќе ги изведат на концертот во Скопје, покрај песните од нивниот нов, осми по ред албум „Торнадо“, објавен годинава. Членовите на бендот: Медваип Мустафи (соло гитара), Бесим Ибрахими (тапан), Ариф Зибери (вокал), Агрон Идризи (бас гитара) и Неџат Мујови – Вирус (синтисајзер) ветуваат незаборавна ноќ за своите обожаватели во пресрет на новогодишните празници.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ