На 16 февруари излезе новиот, деветти по ред, албум на групата Sethstat , („Сетстат“,) еден од водечките бендови во современата македонска џез музика. Речиси 30 години постоење и работа во континуитет зборуваат за импозантно искуство, кое е втакено во совршената џез ДНК на овој албум.
Нумерички мистично “9IX”, ова е несомнено најзрелиот, најкомплетен и секако досега најдобар албум на Сетстат. Дело со совршен баланс помеѓу елементите, кое се преслушува во една долга содржајна голтка. Од фуриозни панк-фанк бркотници, преку грациозни емоционални мигови и длабоко екпериментални импровизации, се до музички беспрекорна убавина. Совршен аудио продукт за модериот слушател со повисоки естетски стандарди.
Албумот го издава скопската дискографска куќа “PMGJazz” (ПМГЏез), а го најави видео синглот за композицијата Balthazar („Балтазар“), изработен од авторот Александрос Стаматиу, со уметницата Натали Николовска во главна улога.